Повредено тримесечно бебе откако комбе влета во кабина на патарината кај Глумово

Хроника
Typography

Петмина повредени меѓу кои и тримсечно бебе се повредени во сообраќајка кај патарината кај селото Глумово. Комбе со скопски регистарски ознаки, со голема брзина најпрво удрило во кабина за наплата, а потоа во автомобил во кој се наоѓали имало 5 државјани на Албанија, а меѓу нив и 3- месечно бебе.

Ситесе пренесени на Клиничкиот центар во Скопје. Вработен на патарината на автопатот Тетово – Скопје рече дека комбето не успеало да застане и по ударот во кабината, повреден е и еден од вработените на патарината, но според него, колегата е надвор од животна опасност.

Полиција дошла на местото на настанот за да изврши вештачење, но според неофицијални информации, на комбето не му функционирале сопирачките, бидејќи на асфалтот нема траги од кочење.

Несреќата се случила околу 13 часот, а од полицијата велат дека полициски, противпожарни и екипи на Итна медицинска помош се на терен, по што се очекуваат повеќе детали.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.