Седум илјади Сиријци ќе добијат турско државјанство

Свет
Typography

Турско државјанство ќе биде доделено на 7.000 Сиријци. Оваа одлука беше донесена по неколкумесечна работа по тоа прашање, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Пред две недели заврши подготвителната работа во однос на прашањето за доделувањето на државјанства, а сега останува одлуката да биде одобрена од страна на турската Влада.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во текот на последните две години состави список на високо квалификувани Сиријци кои нема да претставуваат закана по безбедноста.

Првичната листа ќе биде објавена откако ќе заврши потпишувањето.

Претставници на турската Влада, првично, наведоа дека бројот на Сиријци кои ќе добијат турско државјанство бил определен на 10.000, а вкупниот број постепено ќе достигне 30.000.

Приоритет бил даден на образованите Сиријци, а потоа списокот бил испратен во националната разузнавачка агенција МИТ и во турската полиција, со цел да биде прегледан во однос на националната безбедност, јавната безбедност и криминалните досиеја.

Сиријците кои биле одобрени од разузнавањето и полицијата биле оставени на листата, наведува весникот.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.