Електрификацијата навлегува и во MotoGP

Мотоспорт
Typography

Електрификацијата навлегува се побрзо и во светот на мотоспортот – Formula Е стигна до третата сезона и се развива се побрзо, наскоро ќе бидеме сведоци и на тркачки шампионат со електрични Tesla Model S автомобили, а фановите беа сведоци на различни проекти за електрични прототипи кои стартува во Ле Ман.

Секако, невозможно е сето тоа да ги одмине и трките на две тркала, односно највисоката категорија во мото трките – MotoGP.

Темата е покрената од Кармело Еспелета, главен извршен директор на промоторот на MotoGP – Dorna. Според него, проектот за трки со електрични мотоцикли веќе е vo напредна faza и може да дебитира веќе во 2019 година.

Во Dorna разговараат за пет трки со електрични мотори, од кои секоја ќе биде со должина од барем 10 круга и учество на 18 пилоти.

Слично како и во Formula Е, во првата сезона пилотите ќе возат идентични мотоцикли, а четири производители веќе се понудиле да станат официјален снабдувач на тркачки машини за новата серија. Трките ќе се возат пред трките од MotoGP шампионатот во Европа, што гарантира огромна публика – како на патеките, така и пред телевизиските екрани.

Електричните мотоцикли ќе можат да се споредуваат со мотоциклите од Moto3, а очекуваната максимална брзина ќе биде пониска – околу 200 km/h.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.