ГЛАСИНА ИЛИ БЛАСФЕМИЈА: Дали Ferrari во тајност создава SUV/crossover?

Мотоспорт
Typography

Иако за можноста за правење Ferrari SUV Маркионе изјави дека „прво ќе треба да пукаат во него“, по се изгледа дека Маранело потклекнува под притисоците

Додека Lamborghini во изминатиов период се подготвува за производство на долго најавуваниот Urus, челниците на Ferrari децидно порачуваа дека никогаш нема да направат SUV/crossover модел.

Тука треба да се потсетиме дека Маркионе за можноста за правење Ferrari SUV изјави дека прво ќе треба да пукаат во него.

ferrari

Меѓутоа, по се изгледа дека работите во Маранело се менуваат, бидејќи поедини медиуми наведуваат дека Ferrari сепак планира SUV, како и дека проектот веќе има своја кодна номенклатура – F16X.

По сегашните информации, Ferrari F16X ќе биде со пет врати на платформата од GTC4Lusso, V8 хибрид со 4х4 погон и наводно ќе се очекува во текот на 2021 година. Се шпекулира со цена од околу 300.000 евра.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.