Ferrari тестира радикалнa променa во Formula 1

Мотоспорт
Typography

„Пластичниот“ штит околу кокпитот освен што штити од „летечки“ остатоци од судири напред, добил и на естетика.

Надворешниот изглед на болидите во Formula 1 ќе се промени радикално во блиска иднина – повторно од безбедносни причини. На престојното Британското ГП овој викенд Ferrari ќе го тестира новиот штит на кокпитот, кој ако се покаже успешен FIA планира да го воведе како задолжителен.

Целта на транспарентниот штит, кој е поставен околу целиот кокпит, е заштита на главите на пилотите од „летечки“ остатоци од судири на патеката. FIA распространи компјутерска графика како ќе изгледа структурата, изработена од поликарбонат.

Во денешнината, опасноста од овие „летечки“ остатоци е меѓу најсериозните проблеми во Formula 1. Во 2014 година, Жил Бјанки загина токму поради повреди на главата. Една година подоцна, пилотот Џастин Вилсон во Indycar серијата беше удрен во главата од разлетани парчиња како последица на судир на патеката и, исто така, почина.

Некои експерти во областа на безбедноста, сепак, се скептични за новината и тврдат дека штитот само ќе го отежне излегувањето на пилотите од болидот во случај на несреќа. Вљубениците во Formula 1 од друга страна велат дека поликарбонатниот штит ќе ја наруши естетиката на болидите.

Сето ова беше главната причина FIA да се откаже од претходните планови за зајакнување на безбедноста преку воведување штитови над главите на пилотите.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.