Јос: Макс Верстапен останува во Ред Бул

Мотоспорт
Typography

Јос Верстапен потврди дека неговиот син Макс ќе остсане во Ред Бул следната сезона откако шпекулациите дека тинејџерот побарал трансфер во Ферари стануваа се посилни.

„Сигурно ќе останеме во тимот“, гласеше краткиот одговор на прашањето од Sky Sport, а поврзано со иднината на одличниот тинејџер.
Со тоа би требало да престанат шпекулациите околу евентуалното менување на екипата од страна на Верстапен следната година.
Сепак, договорот на 19-годишникот истекува на крајот на следната година, кога трансфер може и да се случи, особено ако Ред Бул продолжи да не победува на трки како оваа година.
Но, во моментов во Милтон Кинс се сигурни дека Макс Верстапен и Даниел рикардо ќе возат за нив и следната година.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.