(ФОТО)Клубовите се организираат и самите си возат трки

Мотоспорт
Typography

Во повеќегодишно отсуство на официјални авто трки на ридски патеки во Македонија и на рашоминијадата и судската разврска во односите меѓу федерацијата и најголемиот дел од клубовите, оние што сега се „надвор од системот“ а се во поголем број решија да организираат меѓуклупски натпревари. 

Во повеќегодишно отсуство на официјални авто трки на ридски патеки во Македонија и на рашоминијадата и судската разврска во односите меѓу федерацијата и најголемиот дел од клубовите, оние што сега се „надвор од системот“ а се во поголем број решија да организираат меѓуклупски натпревари. Кичево викендов беше домаќин на првата трка, во организација на АКК Примо АВЈ.

Ова е прва трка, а според најавите ова меѓуклупско првенство ќе продолжи во септември. На трката во Кичево се појавија 21 натпреварувач, а имаше дури четворица дебитанти, кои за прв пат настапуваат на трка. Тоа значи дека македонскиот авто спорт има иднина. Дебитанти на трката беа Александар Димитровски од АКК Автоклиника спорт, (син на популарниот Благоја Димитровски – Баги кој оставил и се уште остава значајна трага во авто спортот), Димитрија Лазаревски од АКК Кастум Кар, кој после заминувањето пензија од фудбалските терени, реши да се префрли на поадреналински спорт, (брат на Михајло Лазаревски) а АКК Кастум Кар имаше уште еден дебитант, Давид Малинковски (син на популарниот Илија Малинковски – Ики) и Мартин Ковачевски, претставник на АКК Скопје.

Во класата 1 до 1150 см3 на пол позицијата беше возачот на АКК „Никола Карев“, Филип Василевски, кој со маестрално возење дојде до убедлива победа. За втората стартна позиција се избори неговиот клубски колега, Никола Попевски, кој имаше извртување уште на почетокот на трката, па борбата за втората позиција им ја препушти на Георгиј Наков- Тота и Димитрија Лазаревски. На крајот на трката Лазаревски стигна на целта пред Наков, Попевски и Димитровски. Трката се возеше на мокра патека, поради дождот кој почна да паѓа непосредно пред стартот на трката.

Во дивизијата 2, каде се најдоа возачите од останатите класи, слично како и на саботните тренинзи, најдоброто време на квалификациите го постави возачот на АКК „Никола Карев“, Југослав Милошевски, со возилото Opel corsa, од класата 4 до 2000 см3. Меѓутоа на трката Милошевски имаше технички проблеми со возилото, поради што беше принуден да се откаже од трката, а колоната ја поведе Ванчо Мижовски од класата 3 до 1600 см3, кој беше убедлив се до целта. Во класата 3 второто и третото место го заземаа клубските колеги од Примо АВЈ, Дарко Ангеловски и Тодор Исаиловски. Во класата 2, до 1400 кубни сантиметри искусниот Марио Велковски, дојде до победата пред Мартин Ковачевски и Мартин Делев од АКК Кастум Кар. Во класата 5, над 2000 кубни сантиметри победник беше Ненислав Петковиќ од АКК „Никола Карев“, кој за прв пат настапи со неговото ново возило Хонда Цивик.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.