(ФОТО) НАЈГОЛЕМИОТ ИНФИНИТИ БАЗЕН

Архитектура
Typography

НАЈГОЛЕМИОТ ИНФИНИТИ БАЗЕН ВО ОБЛАЦИТЕ НА СИНГАПУР

Изградбата на хотелот Marina Bay Sands во Сингапур чинеше 5.4 милијарди долари. Ги отвори вратите во 2010 година и во тоа време беше најскапиот хотел во светот.

Најимпресивниот дел од хотелот е SkyPark – воден парк на покривот на зградата, дизајниран да потсетува на џиновски брод. Најимпресивниот дел од „бродот“, пак, е 150-метарскиот инфинити базен.

Тој е најголемиот базен во светот на таква висина, и на посетителите им овозможува глетка која не постои никаде на друго место на планетата. А и како би постоела, кога базенов се наоѓа на 57-миот кат на кула во најскапиот град на светот.

Базенот имаат право да го користат само гостите на хотелот. Цената за ноќевање во Marina Bay Sands почнува од 320 долари за двокреветна соба, па нагоре.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.