НАСКОРО, РУСКИ САТЕЛИТ ЌЕ БЛЕСНЕ НА НЕБОТО

Инжинерство
Typography

„Мајак“ е проект што го креираше Московскиот државен универзитет по механичко инженерство, финансиран по пат на краудфандинг, иницијатива покрената од руската веб-страница Boomstarter, при што се собрале 30.000 долари. 

Неговото лансирање во атмосферата е предвидено во рок од две недели, а ќе биде изведено на космодромот Баиконур во Казахстан.

Непосредно пред лансирањето, треба да се спомене дека сателитот ќе биде многу мал, не поголем од векна леб. Откако ќе ја постигне висината од околу 595 километри во орбитата, од него ќе се одмота голем соларен рефлектор во форма на пирамида, што ќе зрачи светлина на Земјата.

Сето ова „Мајак“ ќе го постигне благодарејќи на рефлекторот од 16 метри квадратни, направен од тенок материјал именуван Милар. Мисијата има за цел да тестира како да се закочат сателитите во орбитата и да ги вратат оттаму.

Откако рефлекторот целосно ќе се рашири, IFL Science веруваат дека би можел да свети со магнитуда од -3.6, со што би бил четвртиот најсветол објект на небото, после Сонцето, Месечината и Венера.

Меѓутоа, тие сметаат дека би можел да достигне магнитуда од -10, со што би бил посветол од Венера.

Астрономите не се среќни што вештачка ѕвезда ќе ни го попречува погледот.

„Толку силно се боревме за темно небо во и околу нашата планета, за да видиме дека нашата замисла ќе биде уништена од некоја смешна краудфандинг иницијатива, што ме фрла во очај“, изјави Ник Хоус од обсерваторијата Киелдер во Нортхамберленд.

Џонатан Мекдауел, астроном од Харвард-Смитсониан центарот за астрофизика, верува дека неговите колеги ќе се вознемират, но се сомнева дека „Мајак“ би можел да биде толку сјаен.

Од друга страна, Алес Шаенко, водачот на проектот „Мајак“ се обиде да ги разубеди астрономите.

„Мислам дека ова не би претставувало проблем. Има толку многу објекти што летаат на ноќното небо, некои дури и посветли од ’Мајак‘.“

Според веб-страницата на „Мајак“, целта на проектот е следнава:

„Популаризација на астронаутиката и на истражувањата на вселената во Русија, и зголемување на атрактивноста на науката и технолошкото образование кај младите луѓе.“

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.