Визионерски концепт за 3D принтани гуми на Michelin

Инжинерство
Typography

Иако животниот век на автомобилската гума зависи од мноштво различни фактори, повеќето имаат потреба да се заменат веќе после 5 години.

Новиот прототип на 3D принтана гума на Michelin еден ден може ќе го надмине и животниот век на автомобилот – па и повеќе.

Michelin на Movin’On изложбата во Монтреал го прикажал визионерскиот концепт за овој нивни нов вид на гуми. За разлика од традиционалните гуми кои се полнат со воздух под притисок, 3D принтаните нема да има потреба да се пумпаат. Наместо тоа, концептот користи матрица во форма на саќе базирана на генеративните дизајн модели кои можат да се пронајдат во природата, како коралите и воздушните канали во човечките бели дробови. Овој дизајн го елиминира ризикот од издишување на гумата доколку таа се оштети или се дупне.

Додека традиционалните гуми постепено го губат профилот како резултат од триењето, овој прототип користи 3D принтери да го обнови доколку тоа е потребно. Серија сензори интегрирани во гумата тоа го надгледуваат и овозможуваат информации во реално време во врска со нејзините перформанси и одржување.

Овие информации се прикажуваат на возачот преку апликација, преку која што можат да се нарачаат нови 3D принтани замени. Овие профили можат да се адаптираат на разните годишни времиња, по груби терени, па дури и на различни стилови на возење.

Ако сето ова не е доволно импресивно, овие гуми се направени од биоразградливи материјали од био-извори, вклучувајќи природна гума, бамбус, хартија, конзерви, дрво и пластика. Целото тркало е направено од рециклирачки материјали, така што откога ќе го достигне крајот на животот (илјадници и илјадници километри), самото тоа ќе може да се рециклира.

Од Michelin велат дека ќе поминат уште најмалку 10 години додека финализираната верзија на визионерскиот концепт на гума ќе се појави на пазарот.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.