(ФОТО) Невеста принцеза, мајка и тетка убавици

Стил
Typography

Вчеравечер во еден скопски ресторан се случи свадбената веселба на ќерката на поранешната пејачка Росана Сариќ Тодоровска и актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, Ивана, која стапи во брак со Англичанецот Џејмс.

Росана и Маријана направија свадбено шоу за ќерката и внука.

Среќната тетка Маријана за големиот ден на својата внука допатува од Австралија, па после повеќе години се сретна со своите роднини, пријатели и секако сестра си Росана.

Многу невести и младоженци на своите свадби сакаат да го слушнат евергринот на близначките „Признавам“, а тие специјално за својата ќерка и внука после многу време повторно застанаа заедно на сцена и направија атмосфера за паметење.

Фотографиите од овие посебни моменти за нив, гордата тетка ги објави на социјалните мрежи, а пак Росана и Трупче и официјално станаа баба и дедо на својата единица.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.