(ФОТО)ХИТ ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: СЕ ЗАПОЗНАЛЕ ВО ГРАДИНКА, ТОЈ Ѝ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ СЕ ОМАЖИ ЗА НЕА, 20 ГОДИНИ ПОДОЦНА СТАПИЛЕ ВО БРАК

Стил
Typography

Љубовта има чудни патишта, а ова е љубовна приказна на брачен пар ги освои срцата на интернет корисниците.

Мет Гродски сподели дека неговата љубов кон сопругата Лора влече корени од детствто и инстантно привлече илјадници коментари и измами многу воздишки.

Еве го неговиот пост:

Со Лора се запознавме во градинка. Еден од моите први спомени е од кога бев на 3-годишна возраст и застанав пред сите во градинката, изјавувајќи дека еден ден ќе се оженам со неа.

Кога бевме деца Лора ме научи како да се лулам на лулашките, како да цртам планини и на правилен начин да јадам стапчиња сирење.

Имаме прекрасни спомени како игравме криенка, се бркавме на игралиште и непослушно станувавме кога беше време за спиење.

Бев заљубен во Лора како дете и до ден-денес сум заљубен.

Изгубивме контакт во основно училиште и седум години единствен начин да си ги видиме лицата беа семејните божиќни честитки.

Го обновивме контактот во средно училиште, случајно, преку заеднички познаник. По само две недели, одлучивме да бидеме момче и девојка. Ја одржувавме врската во средношколските денови, иако учевме во различни училишта.

Останавме заедно во врска на далечина додека студиравме во различни држави.

Останавме силен пар до 23 мај 2015 година кога одлучив да си стојам на ветувањето од градинка и Лора да ми стане жена. Ѝ предложив брак на местото каде сè започна… нашата училница во градинката.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.