Ефикасна вежба за совршени стомачни

Фитнес
Typography

За 28 дена 5 килограми помалку: вежбата „мачји колкови“ ќе ви обезбеди совршени плочки, а без ризик да ги изгубите занесните облини. Повторете ја 10 пати и почувствувајте ја разликата. 

Потребно е ниско ниво на масното ткиво за да се гледаат стомачните мускули, но не е и доволно. „Никогаш не сум имал видливи стомачни“, вели Тимоти Ферис, автор на книгата „Четиричасовно тело“. Откако повеќе од деценија ги применувал конвенционалните вежби за стомачни мускули без видлива корист, тој одлучил да го смени начинот на вежбање. За да се гледаат стомачните мускули, потребно е да се применува диета со бавни јаглехидрати, но и да се прават специфични вежби со кои се поттикнува поголема контракција отколку што е можна со вообичаените вежби.

На Ферис по децении обидување му требале само три недели за „плочките“ да му станат видливи. Една од вежбите која му помогна во тоа е наречена „мачји колкови“. Спуштете се на „сите четири“ така што колениците ќе ви бидат под колковите, а дланките под рамената.

Погледот фокусирајте го малку пред себе – не го виткајте грбот или не го напнувајте вратот. Издишете така што целиот воздух ќе го испуштите низ устата. Од тоа издишување ќе ви се затегнат стомачните мускули. Потоа задржете го воздухот и подигнете го папокот како да сакате да го залепите за грбот.

Направете го тоа движење што посилно можете и останете во таа положба од 8 до 10 секунди. Одморете се, бавно издишете низ уста, а потоа полека вдишете низ нос и повторете ја вежбата десетпати.

Правила за тело од соништата што ќе го постигнете во 4 недели:

Избегнувајте ги „белите“ јаглехидрати: леб, ориз, житарки, тортиљи…
Јадете неколку исти оброци и избирајте белковини, мешунки и зеленчук
Не пијте калории – млекото и овошните сокови се на листата на забранети намирници
Не јадете овошје
Јадете на секои 4 часа, а појадувајте најдоцна еден час откако ќе се разбудите
Секоја недела дозволете си себеси слободен ден во кој ќе јадете што сакате и колку сакате

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.