Рекреативното играње тенис позитивно влијае врз здравјето

Фитнес
Typography

Рекреативното играње тенис позитивно влијае врз здравјето

Полека, но сигурно, тенисот станува еден од попопуларните спортови во регионот. Посебно им одговара на оние што не се вљубеници во вежбалницата, ни во друг вид индивидуално вежбање. Тенис можете да играте со пријателката, со партнерот, со сестра ви, со братот, а уште поинтересно е ако се игра во двојки.

 

 

Здравствена корист Стручњаците пресметале дека за време на еден час играње тенис жените губат 420, а мажите 600 калории. Дури и ако рекреативно се занимавате со оваа активност, таа позитивно влијае врз работата на срцето, крвниот притисок, го забрзува метаболизмот, ја подобрува густината на коските, ги зголемува тонусот на мускулите, силата и енергијата.

Добро расположение Искуствата на оние што рекреативно се занимаваат со тенис сведочат дека оваа физичка активност значително го снижува нивото на стрес. Позитивно влијае врз расположението и поради тоа што се игра во друштво, па затоа претставува совршена можност повеќе време да поминете со семејството и со пријателите, но и да запознаете нови луѓе. Тенис се игра во секоја животна доба, а не е важно колку сте вешти. Важно е да сте активни и добро да се испотите.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.